Остварување на нациолнални цели за постапување со отпад од пакување

За Нас

Еуро-Екопак е оператор на системот за управување со отпад од пакување - непрофитна компанија која работи во согласност со принципот на зголемена одговорност на производителот. Во име на нашите клиенти, компании што пласираат амбалажи на пазарот, ние организираме собирање, повторна употреба и рециклирање на отпадот од пакување и обезбедуваме исполнување на целите утврдени со Уредбата за планот за намалување на отпадот од пакување и Законот за пакување и отпад од пакување. Еуро-Екопак е правно лице за постапување со отпад од пакување согласно член 21 од Законот за управување со пакување и отпад од пакување (Сл. Весник на РМ бр. 161/09, 17/11, 41/11, 136/11, 6/12, 39/12, 163/13, 146/15 и 39/16) Основана е во Јуни 2011, и работи преку инвестирање финансиски средства во развојот на системи за собирање и рециклирање на отпад од пакување од бизниси и домаќинства низ цела Македонија, со цел да се намали и отстрани отпадот од пакување во животната средина. Со обезбедување услови за одговорно управување со отпадот на своите клиенти и намалувањето на негативното влијание на пакувањето врз животната средина, придонесува за зачувување на природните ресурси и развој на циркуларната економија во Македонија.

Основачи на Еуро-Екопак се: Колид Компани АС Дооел с.Колешино Ново Село, Биг Пакинг ДОО Скопје, Ренова ДОО Експорт-Импорт с.Џепчиште и Астекс Графика ДОО Скопје. На 30.03.2012 година, Министерството за заштита на животната средина го овласти Еуро-Екопак да управува со отпадот од пакување на своите клиенти како национален оператор на македонскиот пазар. Денес, Еуроекопак е втор по големина оператор на македонскиот пазар според бројот на клиенти (над 450) со удел на пазарот од 12-15%% во вкупните количини на пакување пласирани на македонскиот пазар. Од Декември 2013, Еуроекопак има свој симбол, меѓународно регистриран и заштитен, кој е на располагање на сите членки на користење и означува дека членката е општествено одговорна, платен е надомест за постапуавње со отпадот по употреба и е постапено согласно законот за отпад од пакување. Симболот носи назив Еко-Одговорност, на англиски Eco-Responsibility или скратено Eco-Respons.


Еуро-Екопак и животната средина

Квартални Извештаи



Вкупно 2.948.381кг. пуштен амбалажен отпад во прв квартал Јан - Мар 2022 год.
ПЛАСТИКА ХАРТИЈА/КАРТОН МЕТАЛ СТАКЛО ДРВО КОМПОЗИТ
618.441,76 1.263.822,06 66.392.87 281.880,47 586.954,53 130.889,31

Годишни Извештаи



Како и претходните години, Еуро-Екопак успешно ја заврши деловната 2020 година и на своите клиенти им овозможи исполнување на пропишаните цели за повторна употреба и рециклирање. Со инвестирање во инфраструктура како и опрема на нашите добавувачи - приватни собирни компании и комунални претпријатија, овозможивме понатамошен развој на системи за управување со отпад од пакување, а со учество во покривање на дел од трошоците за собирање, го зголемивме собирањето во материјали кои имаат негативна пазарна вредност како што е стаклото.

2017 2018 2019 2020 2021
Пуштен амбалажен отпад на пазар 11.694 12.667 11.593 11.057 12.773
Рециклиран амбалажен отпад 6.238 7.990 7.652 7.051 8.045
Остварено % 53% 63% 66% 64% 63%
Национални цели % 45% 50% 55% 60% 60%

Систем


Менаџмент




Лука Луковски
Директор
Luka.Lukovski@euroekopak.mk




Ирена Бошков
Администартор и грижа за корисници
Irena.Boskov@euroekopak.mk



Љупчо Аврамовски
Стручен соработник
Ljupco.Avramovski@euroekopak.mk

Основачи на правиниот субјект на Еуро-Екопак се компаниите:

Колид Колешино АС
Дооел с.Колешино Ново Село

Ренова Тетово
ДОО Експорт-Импорт с.Џепчиште

Биг Пакинг
ДОО Скопје

Контакт:

Ул. Лондонска 19
ТЦ Тафталиџе 3ти кат
1000 Скопје, Македонија